Совети за идната кариера за средношколците од ЕМУЦ во отворениот кариерен центар

Свечено отворен кариерниот центар во електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски.“ Од денес, средношколците од ова училиште добија можност да добиваат совети за нивната професионална наобразба и своите идни кариери. Ова, според директорот на училиштето, Јане Цаноски ќе помогне во откривање на афинитетите и интересите на учениците уште додека се во училишните клупи.

 |  Мишел Наумоски  | 
karieren centar
кариерен центар

Средношколиците од електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“ од денес ќе добиваат совети за нивната професионална наобразба, и помош при изборот на нивните идни професии во рамките на нивното училиште. Во присуство на градоначалникот, Никола Бакрачески, директорот на канцеларијата за развој при УСАИД Македонија, Мајкл Стиватер како и директорот на училиштето Јане Цаноски, професори и ученици, беше свечено пуштен во употреба кариерниот центар. Според директорот на училиштето, со отворањето на овој кариерен центар ја добиваат можноста правилно да ги насочат идните животи на своите ученици.

otvoren karieren centar„Овој кариерен центар, е една прекрасна можност, да им помогнеме на нашите ученици да си го изберат вистинскиот пат во понатамошното нивно образование, во натамошната кариера и нивните идни вработувања. Знаете нашите ученици, особено матурантите се на возраст кога често се колебаат во нивниот избор, каде понатаму. Па верувам дека преку овие наши активности во овој кариерен центар, ќе им помогнеме да ги откриеме нивните афинитети, интересии уште во текот на нивното школување тука кај нас со што ќе им помогнеме да го направат тој вистински чекор во нивната професионална определба.“-вели директорот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, Јане Цаноски.

karieren centar EMUCВработувањето е горливо прашање и често предмет на размислување на секој млад човек. Според директорот на канцеларијата за развој при УСАИД Македонија, Мајкл Стиватер, дури и кога бројките зборуваат за ниска невработеност, огромен предизвик е изборот на кариерата.

„Еден од начините преку кои ние од УСАИД се надеваме дека ќе го олесниме овој предизвик, е преку кариерните центри, токму како вашиов. До денес, опремивме кариерни центри во вкупно 49 училишта ширум земјава. Не само што ги опремивме кариерните центри со мебел и со опрема, туку и тимот наставници во училиштата ги опремуваме со соодветни вештини, што им се потребни да понудат современа професионална ориентација и кариерно водство.“-рече Мајкл Стиватер-канцеларија за развој УСАИД-Македонија.

USAID karieren centarГрадоначалникот Бакрачески истакна дека ваквите кариерни центри ќе им помогнат на младите охриѓани да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, и при тоа ги спомна инвестициите од странски компании во охридско струшкиот регион.

„Уверен сум дека со отворањето на центарот за кариера, ќе се овозможи стекнување на драгоцени вештини за учениците и невработените лица кои ќе им помогнат подготвени да излезат на пазарот на трудот. Тука заедно со наставниците и претставниците на Агенцијата за вработување ќе можат да добиваат информации и услуги поврзани со пазарот на трудот, на локално и национално ниво, вработување и самовработување, како и стекнување искуство на работно место уште додека се во училишните клупи.“-изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Инаку, со отворањето на кариерниот центар, електромашинскиот училишен центар се вклучува во младинската мрежа за стекнување на вештини за вработување во која се опфатени 49 училишта низ земјава. Овој проект е финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД, а во соработка со Центарот за стручно образование и обука и Асоцијацијата за кариерно советување, Биро за развој и министерство за образование на Република Македонија. Досега преку програмата на УСАИД се обучени 155 наставници, а во иднина дополнително ќе се обучуваат претставници од стручните служби, односно психолози.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top