Бурна 55 седница на советот на општина Охрид

Жестоки расправии ја одбележаа 55 седница на советот на Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
sednica na sovet
седница на совет

Советниците се спречкаа уште на правата точка, предложена од страна на градоначалникот и тоа Согласно член 25 од законот за просторно уредување, градоначалникот даде предлог одлука за урбанистички план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан.
На овој предлог оштро се спротиставија советниците од ВМРО ДПМНЕ. Јованка Дамоска Секуловска вели sednica na sovetдека ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е урабистичките промени да им се доставуваат навремено, а не пред самата седница. „Незнам што е брзањето и немаме детали за истиот планшто значи нема да гласаме за овој план“, категорична е Дамоска Секуловска. Таа сомневајќи се дека локалната ја нема потребната планска документација за овој објект побара од градоначалникот да ја покаже дозволата од министерството за транспорт и врски. „Под превезот на хотели се градат згради“, вели Дамоска Секулоска.

„ Како советничка група сме против таквиот начин за насилно ставање на точки од урбанистичката свера на самата седница на совет и при тоа укажавме на тоа за конкретниот урбанистички план побаравме соодветни одобренија од министртвото за транспорт и врски, на кои градоначалникот истакна дека ги немаат таквите одобренија, па според тоа како советничка група изградивме став дека не можеме да подржиме план кој ги нема сите одобренија потребни од страна на министртвото за транспорт и врски, а со тоа поучено од претходно искуство дека под превезот на хотелски објекти во рамки на седниците на совет се прават стамбени објекти“ , вели Дамоска Секулоска.

Спротивно на ова на советниците од СДСМ воопшто не им засмета што точката за изградба на хотел во Св sednica sovet OhridСтефан беше ставена на дневен ред без најава. Тие велат дека ова е точка за која одамна било разговарано и дека нема ништо спорно во неа. „За СДСм донесувањето на овој план не е спорен, туку претставува нормално продолжување на втората фаза од донесувањето на планот “, вели координаторот на СДСМ Томислав Тунтев.

„Ова се работи за донесување на урбанистички план кој веќе еднаш беше во нацрт, советот го изгласа, како нацрт отиде на јавна расправа со сите потребни согласности, дозволи и мислења и решенија од релевантните институции и физички и правни лица и дека се исполнети законските одредби како што извести градоначалникот дека може во втора фаза за да влезе овој план како конечно донесување на урбанистички план“, вели координатор на СДСМ, Томислав Тунтев.

Градоначалникот пак вели дека тој само го спроведува она што е должен да го направи и додава дека ни граѓаните ни бизнисмените не сакам да трпат. „За мене сите се исти и имаат право она што им следува да го остварат“. Петрески со свое објаснување зошто навреме не ги известил советниците за предлог одлуката за изградба на хотел во Св Стефан.

„Пред граѓаниве вие советниците од ВМРО ДПМНЕ сакате да покажете дека сте заинтересирани и дека сакате за Охрид од друга страна ќе ја гласате одлуката за кредит согласноста и во исто време му јавувате на министерот да не го потпиши тоа. Е тоа е двоен аршин, двојна политика. Тое е нечесно према граѓаните на општина Охрид. Од тие причини е вака за да неможите да го спречите. Јас кажувам дека ова е согласно законот, а ако вие кажувате дека не е согласно зкаонот има институции кои ќе ценат дали е согласно законот или не“, категоричен е градоначалникот Петрески.
 
Покрај за предлог одуката з аизградба на хотел во СВ Стеан, советниците но и градоначалникот иако не беше точка на дневен ред сепак во неколку наврати се фатија и за владиниот  проектот за Љубаништа и индиската инвестиција.
Од 55 седница на совет беше повлечена 10 тата точка од дневниот ред која се однесуваше на за заштитно блато – спменик на природата. Причина што комисијата ја повлече оваа точка како што кажаа  градоначалникот е тоа што денеска беше отсутен советникот Дејан Пановски, а локалната има неколку ситни забелешки за оваа точка, кои можат да се отстранат. За Предлог Одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија- Споменик на природата, советниците ќе дискутираат на следната седница која ќе се одржи следната недела.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top