Ова е првата активност од програмата на новоформираниот Совет на потрошувачи.
На светскиот ден за заштита на потрошувачите, 15ти Март, Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“. Ова е прва активност на ова тело кое ќе функционира во рамките на Советот на општина Охрид, а има за цел унапредување на правата на потрошувачите и сензибилизација на потрошувачите за правата кои ги имаат. Веќе е креирана и програмата според која ќе функционира Советот на потрошувачи за 2014та година, а која ќе вклучува поголем број на активности насочени кон промовирање и заштита на правата на потрошувачите, како и организирање на воспитно-образовни часови за различните аспекти на заштита на потрошувачите во градинките и училиштата во општина Охрид. Повеќе за активностите на Советот на потрошувачи ќе може да дознаете во Дневникот на Телевизија ТВМ, во 17 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град