Советот на општина Охрид денес одржа две седници

На  59-та седница советниците го верификуваа престанокот на мандатот на една од советничките, а на 60-тата дискутираа по 15 точки.

 |  Крсте Голабовски  | 
sednica
седница

На  59-та седница советниците го верификуваа престанокот на мандатот на советничката Билјана Балазоска поради неспоивост на функцијата советник и вработен во општинската администрација.

На 60-тата седница најмногу се расправаше по предлог одлуката за утврдување фискална стратегија и развојни програми на општината за 2009 година. На расправа  се најде извештајот од работата на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ за првите шест месеци од годинава, како и  деветмесечниот извештај на  МЈП „Проаква“.
Советникот Перо Петрески Калимеро загрижено праша дали Охрид и понатаму ќе има вода за пиење во доволни количини и дали постои некаква стратегија за изградба на нов водоводен и канализационен систем.

sednicaЉубомир Чаулев ги утеши охриѓани дека градов има доволно природни водени ресурси само треба да се најде начин тие да се искористат.
Точките кои  се однесуваа на трајна и времена експропријација без некаква дискусија беа усвоени со мнозинство гласови како и предлог одлуките за усвојување оперативна програма за организирање и фуникционирање  на зимската служба на подрачјето на Охрид, приградските и селските населби, за пренесување на правото на користење на недвижен имот, за  усвојување на Локален акционен младински план за Охрид, како и за  измена на распоредот на средствата во Буџетот на општината за 2008 година. Советниците  се согласија и со предлогот за  подигнување спомен- обележје на Христо Узунов.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top