Советот на Општина Охрид експресно ги носи деталните урбанистички планови

Во текот на оваа година Советот на општина Охрид донесе дури 42 детални урбанистички планови. Од секторот за урбанизам велат дека тоа е за доброто на граѓаните, а граѓаните пак го тврдат обратното.

 |  Лионела Јаковлева  | 
DUP
DUP

Советот на Општина Охрид експресно ги носи деталните урбанистички планови. Само во текот на оваа година  изгласани се дури 42. Бранко Арнаудов, началникот на секторот за урбанизам вели дека тоа е за доброто на граѓаните и за развојот на градот. Од охридската Вмро пак тврдат дека урбанистичките решенија кои во последно време се носат се само на штета на градот и оние кои живеат тука. Тие потенцираат дека во блиска иднина ќе се видат негативностите од истите. Само на последната седница на советот се донесоа Нацрт детални урбанистички планови за пет Урбани заедници. Меѓу нив е и Нацрт урбанистичкиот план за Урбана заедница 2, дел од урбан блок 2.3, опфат 1. Тоа е просторот на Булевар Туристичка во непосредн близина на ПЗО „Дарон“,каде е предвидено да се гради нова зграда.

OhridГраѓаните од овој дел на градот кои не сакаа да зборуваат пред камера велат дека со изградбата на новата зграда ќе се направи  бетонски ѕид и во целост ќе биде спречено струењето на воздухот. Тие тврдат дека за некоја година Охрид ќе ја загуби климата која беше карактеристична за нашиов град. Тие реагираат и на одлуката за изградба на новата населба која ќе се изгради кај Бејбунар со што ќе се зголеми бројот на жителите во Охрид за една третина, а на тој начин во голема мера ќе се измени неговата структура. Апелираат да се внимава во која насока се движат урбанистичките решенија за градов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top