Советот на општината ќе дава „амин“ за училишните екскурзии

Училишните екскурзии повеќе нема да се препуштаат на случајности. За  реализирање на патувањата надвор  од градот од оваа учебна година, училиштата   според своите предвидени програми за прв пат мислење ќе  бараат од повеќе органи. Меѓу нив се и градските советници, ова  е предвидено со новиот Правилник од  министерството за образование.

 |  Валентина Нелоска  | 
ucenici
ученици

Училишните екскурзии повеќе нема да се препуштаат на случајности. За  реализирање на патувањата надвор  од градот од оваа учебна година, училиштата   според своите предвидени програми за прв пат мислење ќе  бараат од повеќе органи. Меѓу нив се и градските советници, ова  е предвидено со новиот Правилник од  министерството за образование. Комисијата за општествени дејности деновиве даде зелено светло по барањето мислење за изведување на ексурзии за две основни училишта, за „Григор Прличев“ и за „Св.Наум  Охридски“ од Пештани, вели Јоне Станкоски претседателот на оваа Комисија.

„Станкоски појаснува дека на овој начин Советот ќе биде запознает со сите активности кои ги преземаат училиштата, а тие како преставници на граѓаните   ќе имаат увид во работат на училиштата и на време ќе бидат известувани за сите активности.“

StankoskiВо програмите за изведување на екскурзиите,  училиштата мора да планираат обезбедување на медицински екипи, климатизирани автобуси со двајца возачи, но и други пропратни елементи кои ќе ја  подигнат на висок степен безбедноста на учениците. Училиштата сами донесуваат одлука каде ќе патуваат нивните ученици на екскурзија, а мислење даваат и Училишните одбори и Бирото за развој.

Советот на општината ќе може  да ги стопира училиштата доколку во програмите не ги  испочитувале предвидените норми за изведување на училишните екскурзии.

Според Правилникот на ресорното министерство училиштата  се обврзани да ги  достават  плановиет за патувањата и да побраат мислење од советниците 60 дена пред предвидениот термин за училишните ексурзии. Очекуваме во престојниот период барања и од останатите училишта, нагласува претседателот на Комисијата за општетсвени дејности Јоне Станкоски.

Поради измените со новиот Правилник,  основните училишта во учебната 2010/ 2011 година не ги реализираа традиционалните училишни екскурзии.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top