Советот на општина Охрид денеска ја одржа редовната 16-та седница

Советот на општината денеска ја одржа редовната 16-та седница на која преовладуваа предлог-Одлуките од извештаен карактер. По низа препирки и расправии се усвои извештајот за остварувањето на општинскиот Буџет во 2009.

 |  Татјана Маленкова  | 
sednica na sovet
Седница на Совет

Sednica na sovetСоветот на општината денеска ја одржа редовната 16-та седница на која преовладуваа предлог-Одлуките од извештаен карактер. По низа препирки и расправии се усвои извештајот за остварувањето на општинскиот Буџет во 2009. „Впечатливо за  буџет во 2009 год  е дека проекцијата на истиот е  и оптовареноста со економската криза која ја почувствува и општина Охрид. Намеснските дотации се реализирани во целот, истакна советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.
„Немаме квалитетен исчекор во однос на инвестиции. не се сомневам дека и за 2010 год. ќе пристапиме кон ребланс“, истана советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.
Во однос на финансискиот извештај, ние сме единствена општина што сме реализирале над 91 одсто од него, истакна градоначалникот Александар Петрески.
„Во вака тешка година просто не е можно да се реализира олку голем процент. да не беа опструкциите ќе бевме единствена општина со поголемо остварување од планираното. Државата ги исполнила своите наменски дотации за 100 одсто, откако претходно ги намали за 100 одсто“, истакна градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот во неколку наврати напомена дека сме најцентрализирана општина, затоа што само 3 од сто од средставата од буџетот владата ги дава на општините за разлика од нашите соседи кои добиваат 60 до 70 одсто од средствата. Во Охрид се случува економска блокада, истакна Петрески.
Советникот од ВМРО ДПМНЕ Љубен Буџакоски од градоначалникот побара објаснување и за застојот на работите со водоводот во Лескоец.
Иритиран од лагите на градоначалникот морав да земам збор. Ако има блокади што е со дотациите од владата во однос на водоводот во Лескоец, истакна Љубен Буџакоски, советник ВМРО ДПМНЕ.
Немаше да споменам дека владата ни прави опструкции ако некој од советниците не сакаше да ме престави како недоволно способен, истакна градоначалникот.
„Она што е палнирано е реализирано 100 отсто“, истакна градоначалникот Александар Петрески, градоначалник.
Покрај дисисјата за општинскиот буџетот, советниците погласно кометираа и за извештајот за Предлог  Одлука за  усвојување   на    Годишниот   финасиски извештај  за 2009 година на МЈП  „ Проаква“ Струга, како и оние за материјално-финансиското работење на основните и средните училишта на подрачјето на општината во текот на изминатата календарската година.
Предлог-одлуката  односно барањето на управните органи на МЈП „Проаква“ за одредување нова цена на водата и услугите што ги дава ова ЈП, членовите на Советот не ја прифатија што значи услугите на МЈП „Проаква“ остануваат со исти цени како и досега.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top