Состојбата со плашицата во каналот Студенчишта се стабилизира

На каналот Студенчишта поставена е пумпа за аиризација а со цистерни уште синоќа се вршеше дотур на свежа вода од езерото, откако се случи угинување на големи количини плашица. Состојбата се стабилизира и благодарение на затворањето на истекот на  езерото кај  Црн Дрим на минимум. Мора да се изнајде трајно решение да се утврди  надлежност за раководење со каналот и управуавње, велат од Хидробиолошкиот институт.

 |  Соња Рилковска  | 

Десетици  мртви плашици кои плутаат  во каналот Студенчишта утрово сведочат за вчерашната хаварија, во која поради намален кислород изумреа ститици килограми од овој вид риба.
Со цистерни уште од синоќа се дотури  свежа вода  од езерото во каналот,  а пставена е и пумпа која  врши аеризација. Блгаодарение на дождот и затворањето на истекот на  езерото кај  Црн Дрим на минимум може да се каже дека состојбата во каналот конечно  е стабилна. Со сите напори се спречи еколошка катастофа во која можеше да угинат десетина тони плашица., која годинава  ја има во огромна количина.
„Популацијата на плашицата е зголемена последните години тоа е очигледно бидејки знаеме дека од македонска храна  плашицата воопшто не се ловеше за комерцијални цели она што е битно е дека таа за разлика од порано кога беше ограничена на крајбрежниот дел од езерото сега во услови кога нема доволно предатор а тоа е пастрмката таа е раширена по целото езеро“, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

За  трајно решение на проблемот во каналот потребно е редовно прекопување. Од 1924 година, кога е изграден до ден денес само еднаш било интервенирано.  Еден метар длабочина е премала да овозможи опстанок на густата популација на плашица, на која каналот и е презимувалиште.

„ Трајно решение мора да биде, односно  да се најде кој има надлежност за раководење со каналот и управуавње, бидејќи очигледно е дека мора да се направи продлабочување не само од аспект на заштита на плашиата туку и од ред други потреби на самиот канал.0337 Ова барање за прокопување на каналот не е од сега тоа е покренувано децении наназад почнувајки од нас и од капенија но за жал се наоѓаме во некој лавиринт и не се знае чија одговорност е каналот“, додава Спиркоски.

Деновиве се очекува Елем да обезбеди  дополнително уште две пумпи аератори кои постојано ќе бидат вградени во каналот и нема да се дозволи повторување на вакви хаварии.  Угинување на тони плашица во каналот имаше и во 2015 и во 2011 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top