Состојбата со нивото на водата во Охридското езеро, засега стабилна

Состојбата со нивото на водата во Охридското езеро,  засега стабилна. Но, тоа не значи дека не треба будно да се следи. Најважно од се е контролирано да се врши испуштањето на водите од езерото преку браната на реката Црн Дрим, посебно сега кога соседна Албанија се соочува со недостиг на електрична енергија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Состојбата со нивото на водата во Преспанското езеро, алармантна. Овај воден басен полека, но сигурно ке го снајде судбината на Дојранското езеро доколку Владата под итно не преземе соодветни мерки и не престане неконтролираното искористување на водениот ресурс за наводнување и тоа во трите држави на кои им припаѓа, а тоа се Македонија, Албанија и Грција. За среќа состојбата со Охридското езеро и со нивото на водата засега е стабилна, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Иако оваа зима е релативно сушна и немавме некои пообилни врнежи од дожд или снег, засега езерото се наоѓа на средина од минималната дозволена кота.
На Галичица нема некои пообилни врнежи од снег кои со топењето ќе се влеат во езерото. Треба да бидеме среќни што постои хидролошка врска помеѓу Преспанското и Охридското езеро па преку повеќе места водата од Преспа се влева во Охридското езеро и тоа на некој начин го оддржува неговото ниво, вели Д-р Талевски.
Но, тоа не значи дека не треба будно да ја следиме состојбата со нивото на водата на езерото, објаснува Д-р Талевски. Тој додава дека најважно од се е контролирано да се врши испуштањето на водите од езерото преку браната на реката Црн Дрим, посебно сега кога соседна Албанија се соочува со недостиг на електрична енергија, па од нашата држава беше побарано да и помогне.
За нивото на Охридското езеро виновен ќе биде само човекот, односно оние кои управуваат со водостојот на Охридското езеро, а тоа се електрани на Македонија. Доколку тие стопанисуваат правилно и во служба на природата и езерото мислам дека за Охридско езеро оваа година ќе нема нијкакви проблеми, вели Д-р Талевски.
Васко Ковачески, генералениот директор на ЕЛЕМ неодамна изјави дека во ниту еден момент оваа според него општествено одговорна компанија не извршила прекумерно и неконтролирано испуштање на водите од Охридското Езеро кое би можело да ги наруши еколошките вредности.
Ние секогаш водиме сметка за ресурсот со вода, но и за животинскиот свет во Охридското езеро и бројките покажуваат дека користиме само од потребниот минимум за производство на енергија, а остатокот го надополнуваме со другите производствени капацитети, вели Васко Ковачески, генерален директор на ЕЛЕМ.
Ковачески додаде дека навистина и се помага на Албанија со цел да се ублажи енергетската криза во оваа земја, но во никој случај со тоа не се загрозува езерото.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top