Денес на заедничка пресс конференција претседателите на ограноците од овие две партии во Охрид, информираа дека целта е една: – иднината на Република Македонија.
Веќе 2-3 месеци наназад во завршна фаза се напорите за формирање на трет блок, составен од ВМРО-Нардона и Либерално демократската партија, Обединети за Македонија и Достоинство, објасни претседателот на ОК на ВМРО-Народна Ванчо Костоски.
„Соработката помеѓу овие четири политички партии е во завршна фаза и една од активностите која беше соопштена на прес конференција на државно ниво ќе биде одржувањето на трибината во Охрид на 29.мај“ вели Костоски.
Претседателот на О.О на ЛДП од Охрид, Дејан Блажески информира дека жално е што треба да се става акцент на тоа дали партија од центарот треба да соработува со ултра десничарска партија, а се замижува пред она што секојдневно ни се случува, енормната сиромаштија, големиот број на невработени луѓе, лошиот здравствен систем, корумпираното судство, застранувањето од ЕУ и НАТО и што уште не.
„Имајќи ги во предвид сите малициозни за ваквото групирање сакам да потенцирам дека целта на нашата соработка е она што не обединува а не она што не разединува, овој пат ќе бидеме доблесни да ја игнорираме политичката идеологија и да застанаме зад она што е значајно за сите нас а тоа е Република Македонија“ појасни Блажески.
Претседателот на ВМРО-Народна од Охрид, Ванчо Костоски, потенцира дека притисоци поради ваквото здружување има и додава дека сега за сега, соработката е помеѓу овие четири партии, што не значи дека истата нема да се прошири и на некоја друга поголема опозициска партија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град