Продолжува успешната соработка помеѓу Лајонсите и Сојузот на лица со оштетен вид. Минатата година беа реновирани просториите на седиштето на овој сојуз, а оваа година нова донација. Со досега собраните средства се набавени апарати за домаќинство, кои им беа поделени на членовите на ова здружение. Покрај оваа донација, во тек е изработка на звучна компјутерска програма, која во голема мера ќе им ја олесни комуникацијата на овие лица и ќе придонесе во нивна поголема социјализација.
Вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“, голем хуманитарен концерт, чии средства повторно ќе бидат наменети за ова здружение. Отворена е посебна телефонска линија, на која граѓаните, со секое свое јавување, ќе можат да донираат по 100 денари. Од ова здружение се надеваат дека со вечерашниот концерт, собраните средства ќе бидат доволни да им се помогне и на останатите нивни членови. Сепак, тие се задоволни од досегашната соработка и благодарни на Лајонс клубот – Охрид, од Охрид. Со ваквите честитки и убави зборови се заокружува соработката за оваа година помеѓу Лајонс клубот –Охрид, од Охрид и Сојузот на лица со оштетен вид, и се надеваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град