Се отфрлаат обвинувањата од директорот на Здравствен дом, д-р Митко Дабески, упатени до секторот за урбанизам и просторно планирање, дека тие ќе бидат виновни за пропаѓање на проектот за изградба на современ објект.
Се отфрлаат обвинувањата од директорот на Здравствен дом, д-р Митко Дабески, упатени до секторот за урбанизам и просторно планирање, дека тие ќе бидат виновни за пропаѓање на проектот за изградба на современ објект. Раководителот на секторот, Бранко Арнаудов демантира дека тие ја опструираат неговата изградба. Токму ние ги информиравме за законските измени и можноста да покренат иницијатива за изградба на современ објект, вели Арнаудов. Тој објаснува дека во приложената документација со која ЈЗУ Здрваствен дом “ бара одобрение за градба, спорна е сопственоста на земјиштето. Директорот на Здравствен дом, д-р Дабески токму за доказот за сопственост тврдеше дека Министерот за здравство им го препишува земјиштето и се е легално. Но, токму доказот за сопственост бил спорен за да не се донесе решение за градба го демантира Арнаудов тврдењето на директорот Дабески. „Тие добиле имотен лист сопственик Република Македонија, корисник Здрвствен дом. Со таков документ ние во согласност со законската регулатива не можеме да издадеме решение за локациски услови и одобрение за градба“, нагласува Арнаудов.
Секторот за урбанизам лани во мај упатил барање до ЈЗУ „Здравствен дом“ за да се отстранат негативностите во документцијата, но тие цела година не презеле ништо. Ние работиме со рокови и под надзор на инспекција, па моравме да постапиме во согласност со законот и да издадеме негативно решение, вели Арнаудов. Градежното земјиште го менаџира Министерството за транспорт и врски, и само тоа издава документ за објектите од општествен интерес, на долгогодишен закуп со непосредба спогодба.
Време за поправка на работите има само доколку раководството на Здравствен дом се обрати до Министерството за транспорт и врски и ја поправи грешката, укажува Арнаудов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град