Сопствениците на менувачниците и златарите на средба со преставници од СВР

Сопствениците на менувачниците и златарите во градов на средба со преставници од СВР со цел да се изнајдат механизми како да се заштитат од крадците. Тие побараа соработката со  полицијата да биде на едно повисоко ниво и службениците да се поприсутни во чаршијата и тоа во униформи а не во цивилна облека.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Васил Маркоски, сопственикот на менувачницата „Васко М“ која неодамна беше цел на крадци, денес заедно со остнатите сопственици на менувачници и на златари од Охрид, на заедничка средба со полицијата. Маркоски раскажа за неговиот случај кога во менувачницата на сред бел ден било извршено разбојништво, а неговата сопруга која се наоѓала на благајната била преплашена. За среќа тој навреме интервенирал па крадците избегале без плен.

Со полицијата соработката треба да биде на едно повисоко ниво и службениците да се поприсутни во чаршијата и тоа во униформи а не во цивилна овблека. Така ќе се создаде поголем страв кај крадците,а кај нас една поголема сигурност, рече Маркоски.

И златарите се согласија со оваа констатација, кажувајќи дека многу пати имале немили искуства . Дел од нив завршиле со кражби, а дел само со разбојништво.

И јас сметам дека полицијата треба да е поприсутна, вели Ристе Богданоски, вработен во златарата „Цоце“.

Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид кажува дека радува фактот што бројот на тешки кражби во Охрид во 2015год бил намален и изнесувал 272.  За споредба во 2014 бројот на кражби бил за стотина поголем и изнесувал 373.

Генерално гледано безбедоносната ситуација во градов е добра. Но, секако има простор за уште поголема ангажираност на полицијата и поголема соработка со сопствениците на менувачниците и златарите, вели Димоски.

Инаку ваквите средби помеѓу СВР и сопствениците на менувачниците и златарите од градов се со цел изнаоѓање нови мерки и инструменти како тие би се спречиле. Тие се дел од проектот на СВР Охрид „Бизнисот и безбедноста“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top