Од локалната самоуправа велат дека овие цени не се конечни туку дека за нив ќе треба да се гласа на една од седниците на Совет. Од таму најавија дека најдоцна до крајот на Март ќе биде изработена и програмата за поставување на времените објекти.
Зонските цени за месечен закуп на простор за поставување на времени објекти, неприфатливи за сопствениците на постоечки објекти од ваков вид. Денес од градоначалникот Никола Бакрачески ги слушнаа новите предлог цени за кои тој потенцираше дека се за педесетина проценти пониски од претходно предложените. Предлог цените се однесуваат на времени објекти со големина од 4 до 8 метри квадратни, како и објекти со големина над 9 метри квадратни.
Имено за објектите до 8 метри квадратни, цената за закуп на метар квадратен месечно во првата зона изнесува 500 денари, за втората зона 300 денари и за третата зона 200 денари. За објектите пак поголеми од 9 метри квадратни во првата зона предложената цена е 400 денари за метар квадратен, за втората зона 300 денари и за третата зона 200 денари. Сопствениците на времени објекти незадоволни од добиените предлог цени, од стручните служби на локалната побараа фиксна цена од 15 евра за метар квадратен меѓутоа на годишно ниво. За сопствениците на времени објекти цената не е единствениот спорен момент, тие загрижени за својата егзистенција, велат дека се плашат дека нивните објекти ќе бидат отстранети бидејќи според Законот за градба од 2005та година, во времени објекти може да се обавуваат само неколку дејности.
Тие денес од службите на локалната добија ветување дека ќе се залагаат кај Министерството за транспорт и врски, постојните времени објекти да бидат прифатени со дејностите кои досега ги обавувале. Сепак за оние кои планираат да закупат времен објект во иднина, ќе мора да ја прилагодат дејноста на оние неколку дејности кои се предвидени во Законот за градба. Од секторот за урбанизам рекоа дека најдоцна до крајот на месец Март ќе биде изработена и програмата за поставување на времени објекти која потоа ќе треба да добие согласност од Министерството за транспорт и врски, за потоа да се гласа на седница на Советот на општина Охрид. Од таму велат дека сите новопоставени времени објекти ќе бидат типизирани.
Затоа ако планирате да отворите бизнис во некој времен објект, ќе треба да се прилагодите на следните неколку дејности, сообраќајни дејности (привремени паркинзи и природни патеки), туристички, културни, спортско-рекрeативни и забавни дејности (информативни паноа, платформи за спортски, културни, туристички и забавни настани, придружни објекти во функција на спортски настани и летни дискотеки) и објекти кои се во функција на граничните премини, како и најновата измена во законот со која беше додадено и продавањето на храна во времени објекти, секако само до реализацијата на урбанистички план за градежното земјиште на кое е поставен времениот објект.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град