До редакцијата на ТВМ, денес стигна допис од сопствениците на Кабарето Џез Ин. Во него се наведува дека еден од сопствениците синоќа се обидел да разговара со протесната група, но бил дочекан со погрдни навреди, пцовки и сериозни закани.Тој смирено ги посоветувал агресивните лица да си ја бараат правдата на легален начин низ надлежните органи на државата и се повлекол од толпата. Сопствениците на кабарето Џез Ин и покрај законското право за поднесување тужби против лицата потписници на лажните и сериозни клевети и јавното медиумско понижување, нема да покренат никаква постапка засега и ке се обидат уште еднаш на разумен разговор за изнаоѓање взаемно решение.
Неофицијално, утрово во 8 часот, ситуацијата ескалирала кога Љупчо Поп Стефанија организаторот на протестот со вандалско однесување нанесол материјална штета на објектот, кршејки ја надворешната дрвенарија на кабарето Џез Ин и се обидел физички да се пресмета со еден од сопствениците на кабарето, стои во дописот испратен до ТВМ Телевизија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град