ВМРО НП со соопштение за тезгите кај чинарот

Дали тезгите кај чинарот се грдото лице на Охрид?!

 |  Јаковлева Лионела  | 

Често пати во минатото ДПМНЕ бурно реагираше на поставувањето на тезгите на плоштадот кај чинарот за време на новогодишните и божиќните празници. Во годините наназад, тие тезги го нагрдуваа ликот на градот кој баш во тој период има зголемен број на туристи, истите тие тезги личеа на панаѓур и беа предмет на жестока критика од партијата ванчо костоскикоја сега е на власт.
После неколку години, откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид, тезгите иако го имаат истиот лик и покриени се со најлони, истите се во ред и не се грдото лице на Охрид. Зошто ДПМНЕ сега не реагира за тезгите како што тоа го правеше во минатиот период кога беше опозиција во Охрид?! Дали и сега тезгите се срам за Охрид?!
Ова е една од илјадниците работи кои покажуваат дека ДПМНЕ ништо не променила со доаѓањето на власт во Охрид и дека критиките кои ги упатуваа како опозиција им биле само манипулирање со јавноста и собирање ситни дневно политички поени кај народот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top