Група ученици на покојната сопруга на поетот, од благодарност за својата учителка решиле со помош на локалната да и најдат соодветно место на бистата на овој истакнат поет.
Неизмерната почит кон својата учителка поттик за благородна граѓанска иницијатива. Група граѓани после пет децении од завршувањето на основното образование поведоа иницијатива за поставување на спомен бистата на истакнатиот охридски поет Радослав Петкоски на видна локација во градов. Јован Митрески, дел од иницијаторите вели дека имаат малку податоци за локацијата на оваа биста. Вели дека истата во 1969та била најпрво поставена во дворот на црквата „Св.Јован Канео“ за потоа да биде дислоциран во градскиот парк веднаш до спомен обележјата на илинденците и учесниците во НОБ. Митрески појаснува дека извесно време потоа споменикот оттука бил отстранет. Токму затоа одлучиле да поднесат барање до локалната самоуправа за поставување на бистата на некоја видна локација.
„Ние како ученици на неговата сопруга, но потписници на тоа барање сме како група на граѓани поддржувачи на ликот и делото на Радослав Петковски. Верувам дека ќе се реши овој проблем, дека споменикот ќе си го најде своето место во градов, затоа што добро би било пак ќе потенцирам со одлука на собрание на општина Охрид во далечната 1969та е поставен таму, средствата што се одобрени, се е тоа договорено, се е тоа испланирано од буџетот на општината така да тој споменик и припаѓа на општинава, затоа ќе го анимираме и градоначалникот со ова писмено барање и се надеваме дека ќе бидит позитивно решено прашањето околу спомен бистата на Радослав Петковски.“-вели Јован Митрески-дел од иницијаторите.
Митрески вели дека слична ваква иницијатива пред извесен период покренала и ќерката на поетот, по што било решено бистата да биде поставена во рамки на охридската гимназија. Според него и ова е добро решение, но барем досега вели дека не е реализирано.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град