Сообраќајна несреќа се случи утрово на кружниот тек помеѓу булеварот ,,Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид. Во несреќата учествувале две возила.
Сообраќајна несреќа се случи утрово на кружниот тек помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид. Во несреќата учествувале две возила.
Според првичните информации во незгодата полесно се повредени две лица, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во изјава за ОХРИД 24.
Димоски додаде дека во моментот увид вршат полициски екипи, по што ќе бидат познати причините кои довеле до незгодата.
Извор/Охрид24
Фото/ОхридПрес
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град