Основното училиште „Братство Единство“ со иницијатива за поставување на сообраќајна грпка во непосредна близина на училиштето на ул. 7ми Ноември.
Сообраќајна грпка за поголема безбедност. Основното училиште „Братство Единство“ заедно со советот на родители со иницијатива за поставување на сообраќајна грпка во непосредна близина на училиштето на улица „7ми Ноември“. Вакво помошно средство за регулирање на сообраќајот веќе има на едниот крај од улицата во близина на влезот на училиштето. Проблематичен е само пешачкиот премин што се наоѓа пред објектот на некогашна Охридска трговија.
Професорот Борис Лушески вели дека дечињата често без да внимаваат токму во тој дел ја префрлаат улицата, што во минатото не ретко завршувало со некаква незгода. Тој смета дека поставувањето на ваква грпка во голема мера би ја зголемило безбедноста на дечињата кои учат во ова училиште.
„Основното училиште „Братство и Единство“ најпрво имаше поднесено барање, но некако сме ја згрешиле адресата, со промената на ингеренциите. Прво доставивме до полиција, тука сме згрешиле, требало до локалната да се поднесе, до Секторот за развој на патишта. Мислам дека администрацијата го има тоа завршено и дека сега е во тек процедурата за поставување на грпката“.-вели професорот од ОУ „Братство Единство“, Борис Лушески.
Ги контактиравме и надлежните служби во локалната самоуправа.
Од таму велат дека до нив, до овој момент не е пристигнато барање за поставување на вакво помошно средство за регулирање на сообраќајот. Од локалната велат дека основното училиште најпрво треба до нив да достави барање, за потоа локалната такво барање да достави до Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Дополнително, од локалната рекоа дека веднаш штом се испочитува правната процедура и тие добијат одобрение од СВР Охрид, оваа сообраќајна грпка ќе биде поставена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град