Сообраќајно решение за ул. „7-ми Ноември“

Со изградба на  уште една сообраќајна лента, ќе се зголеми протокот на сообраќај како и нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, на делот каде оваа улица се спојува со улицата „Марко Нестороски“.

 |  Крсте Голабовски  | 
ulica
улица

ulicaСо изградба на  уште една сообраќајна лента, ќе се зголеми протокот на сообраќај како и нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, на делот каде оваа улица се спојува со улицата „Марко Нестороски“.

Со изградба на  уште една сообраќајна лента, ќе се зголеми протокот на сообраќај како и нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, на делот каде оваа улица се спојува со улицата „Марко Нестороски“. Жителите пак, кои живеат на овој дел на улицата, се плашат дека тука ќе никне кружен ток. Тие се загрижени и за судбината на просторот пред самата џамија, кој досега им служел како паркинг простор.

Од Одделението за комунален развој и сообраќај од Локалната од Охрид, смируваат. Неосновани се стравовите на жителите дека кај оваа клучка ќе никне кружен ток. Советникот за улици и патишта Зоран Шикалески, објаснува дека делот пак кој досега се користеше како паркинг простор ќе биде отстранет. Тој потенцира дека причина за интервенција на сообраќајната мрежа на овој потег, е зголемената густина на сообраќајот, зачестените сообраќајни несреќи, а посебно зголемената опасност за најмладите учесници во сообраќајот, учениците од ОУ “Братство Единство“ кое се наоѓа во непосредна близина.

„За таа цел планирано  да се изврши проширување, паркинг простор и автобуска постојка од десната страна на приклучокот на улицата „Марко нестороски“ и сакаме да го раздлеиме сообраќајот и да оформиме посебни ленти за улицата „Марко Нестороски“.

Во врска со зголемувањето на безбедноста на пешаците, ќе биде и офоромување на целосна пешачка патека од уличката која се наоѓа позади верскиот објект, Крст Џамија. Со тоа во најголема мера ќе се подигне нивото на безбедност во сообраќајот за учениците од ова основно училиште. Што се однесува до металните физички бариери кои се наоѓаа на тротоарот, истите ќе се вратат, откако ќе се направи новиот тротоар, вели Шикалески и додава дека со овој зафат ќе се реши еден сообраќаен проблем кој со години го мачи Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top