Трета среќа. Локалната самоуправа по трет пат ќе распише тендер за изработка на студија за сообраќај за Охрид. Од одделението за комунален развој и сообраќај, се оградуваат дека не знаат колку ќе трае целата постапка и кога ќе заврши, затоа што постапката за студијата ја води друг орган, а не локалната самоуправа.
„ Наша задача е постапката што побрзо да заврши. Да имаме согледување на стационарниот, динамичкиот и пешачкиот сообраќај“, изјави раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај Шикалески.
Шикалески вели дека одделението за сообраќај ќе тежнее паркирањето во централниот дел на Охрид секаде да се наплатува. Според него, досегашната пракса покажала дека досега, на оние улици каде што се наплаќа паркинг, сообраќајот целосно е смирен, поточно, воопшто не се прави гужва.
„Охрид е поспецифичен по однос на снимањето на сообраќајот. Во лето, во централното градско подрачје, имаме многу повеќе автомобили, за разлика од бројот на автомобилите на истите улици во зимскиот перод“, вели раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај. Шикалески не знаеше да одговори дали и кога ќе биде готова сообраќајната студија за Охрид, затоа што, како што кажа, ништо не зависи од локалната, туку од комисијата која ја води постапката и од избраниот понудувач на таа постапка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град