Сообраќајна култура или некултура. И покрај високите парични казни, граѓаните сеуште не ги почитуваат сообраќајните правила, посебно кога се во прашање пешачките премини.
Почитувањето на сообраќајните правила во Охрид, сеуште далеку од потребното ниво. Сообраќајната сигнализација се почитува селективно и покрај фактот што казните за такво однесување се доста високи. Се спроведуваат активности од надлежните за да се подобри сообраќајната култура кај граѓаните.
„ СВР-Охрид во континиутет, преку цела година презема мерки, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, во делот на почитување на поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Паралелно со тоа, СВР-Охрид спроведува и повеќе кампањи и проекти кои се насочени кон подигнување на степенот на безбедносната култура кај сите учесници во сообраќајот.“ изјави Портпаролот на СВР Охрид-Стефан Димоски
И од самите изјави на граѓаните може да се заклучи дека почитувањето на сообраќајните правила не е на задоволително ниво. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски исто така не информираше дека има одреден степен на подобрување во сообраќајната култура кај граѓаните, но дека и понатаму се забележуваат недоследности. Мерките на сообраќајната полиција за елиминирање на непочитувањето на правилата од страна на граѓаните, продолжуваат и понатаму. Ако сакаме да ги следиме евроинтергативните процеси, треба да ги почитуваме и сообраќајните правила, онака како што тие се третираат во европските земји.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град
Известувања