Кобен викенд за младите свршеници кои викендот го поминаа во Охрид.
Две лицa ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што вчеравечер околу 19 часот се случи на магистралниот пат А-2 Охрид-Кичево во близина на црквата „Св.Петка“ пред селото Ботун,Дебарца. Илинденскиот викенд заврши фатално за младите свршеници, кои вчера си заминуваа од Охрид. 29 годишниот Дарко од Прилеп, доктор по професија го загуби животот во тешката сообраќајна незгода, а од силниот удар на возилото Пежо 206 , кое го управувал Дарко, поради тешките повреди на патот за болница му подлегнала и неговата 25 годишна пријателка Билјана од Тетово, фармацевт по професија, која седела на седиштето позади него.
„Од засега непознати причини возило марка Пежо со прилепски регистарски таблички движејќи се од Охрид кон Кичево, скршнало на левата коловозна лента и при тоа директно се судрило со џип со американски национални ознаки. На лице место на повредите им подлегнал возачот на пежото 29 годишен жител од Прилеп. Додека на пат кон болницата Св Еразмо од здобиените повреди им подлегнала и неговата сопатничка 25 годишна жителка на Тетово“, истакна м-р. Стефан Димовски – портпарол на СВР Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ц. (30) од Тетово сопатничка во возилото „Пежо-206“ и Н.М. (56) од Кичево кој го управувал џипот. Тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде се задржани на понатамошно лекување.
Вереницата на возачот на Пежото, инаку докторка од Тетово во Св Ерзамо е примена со потрес на мозокот и скршеници, но е надвор од животна опасност.
„Беше итно однесена во одделот за интензивна нега на мониторирање дадена е соодветна терапија и веднаш превземени се иследувања направени се компјутеризирана томографија на мозоокот и вратниот дел на рбетот каде пацинетката се жалеше“, истакна д-р.Митре Милошески.
Семејството од Кичево инаку родители со две деца доаѓале на одмор во Охрид. За среќа тие поминале со мали повреди и ќе бидат пуштени на домашно лекување.Додека траеше увидот од 19 до 22 часот патот кон Кичево беше затворен. Километри долга колона возила чекаа да го напуштат Охрид, а голем дел од нив се пренасочуваа преку Битола и Дебар.
Двете возила со влечна служба се подигнати од местото на незгодата и врз нив ќе се изврши дополнително вештачење. Од Н.М. возач на џипот обезбедена е крв за понатамошна анализа, а понаредба на истражен судија, врз починатите денес ќе биде извршена обдукција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град