СОНК на средба со министерката за образование

СОНК на средба со министерката за образование на која ги изнесле сите свои ставови околу, како што велат лошата состојба во образованието. На средбата присуствувала и  директорот на Европската конфедерација на синдикатите за образование, Сузан Хлокин која истакнала дека го подржуваат СОНК во неговите заложби.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Состојбите околу социјалниот дијалог и партнерство, состојбите околу зачестените отпуштања од работа на синдикалните функционери и отпуштања во дејностите на детска заштита,во основното и средното образование, се се полоши, обвинуваат од СОНК. Преставници од овој синдикат во текот на вчерашниот ден имале работна средба со Министерката за образование и наука, Рената Дескоска на која се дискутирало за голем број прашања во делот на претходно изнесените ставови.

Социјалниот дијалог и партнерство во последно време е на најниско ниво, реформи во образованието се прават без почитување на репрезентативноста на нашиот синдикат, не се продолжуваат работни договори во делот на детската заштита и во основно и средно образование, испуштени се од работа колеги без некои посебни причини односно работните договори не им се продолжени без сериозни образложувања, вели Јаким Неделков, претседателот на СОНК.

На покана на Самостојниот синдикат на наука и култура во дводневна посета на нашиот синдикат дојде директорот на Европската конфедерација на синдикатите за образование, Сузан Хлокин. Таа имала средба со министерот за образование Рената Дескоска на која разговарале на повеќе теми како што е квалитетот на образованието, положбата на наставниците и условите во кои работат.

Министерството има политика на отворени врати и ги вклучува сите засегнати страни во текот на процесот, но во моментов недостига една посериозна заложба во однос на вклучување на СОНК како конкретен, релевантен партнер со кој ќе се седне на маса и ќе се разговара и ќе се разгледаат некои прашања кои моментално се важни, вели Сузан Хлокин- претседател на европската федерација на синдикати во областа на образованието.

Европската федерација на синдикати во областа на образованието го подржуваат СОНК во својата заложба и до министерството ќе испрати порака дека тие будно ќе ги следат актуелните случувањата во државава во делот на образованието. Инаку во оваа федерација влегуваат 130 поединечни синдикати од опбласта на образованието од различни европски земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top