„Сонети“ од Шекспир во рамки на Младо театарско Охридско лето

Ансамблот на Народен театар, Битола утре 31. јули на сцената во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе претставата „Сонети“од Вилијам Шекспир во режија на Анегелчо Илиевски и Јован Ристовски. Да се работи текст на Вилијам Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство, но кога станува збор за неговите Сонети, тоа е многу повеќе и од предизвик и од задоволство, да навлегуваш во најинтимните делови и на авторот и на себеси,вели младиот режисер Илиевски.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Следејќи го концептот за одбележување на 400-годишнината од смртта на големиот драмски писател Вилијам Шекспир, во драмскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, за утревечер ја носи претставата „Сонети“ на најсилната театарска институција во Македонија, Народниот театар од Битола. Директорот на Битолскиот театар Валентин Светозаров рече дека нивната куќа има поставено најмногу престави на Шекспир во регионот, обидувајќи се секоја година со огромна љубов да му посвети внимание на големиот автор. Додаде дека нивната идеја која ја прифатиле и двајцата млади режисери Ангелчо Илиевски и Јован Ристовски, била да ги научат да пливаат во длабоко, во што успеале и Светозаров смета дека пред нив престои блескава режисерска кариера.

„Можеби најважно се тоа причината која сме тука е што во нашата најнова шекспирова продукција, поточно „Сонетите“ на Вилијам Шекспир, не случајно го прават нашите најмлади режисерски сили, само да спомнам дека на Ангелчо тоа му е прва режија професионална во Македонија“ – вели Светозаров.

Претставата е поделена на два сосема различни дела. Се третира една иста тема преземена од „Сонетите“ на Шекспир, притоа користејќи два сосема различни режисерски приоди, нудејќи две потполно различни естетики. Првиот дел е наречен „Ш“, поставка на режисерот Јован Ристовски. Тој вели дека есенцијата на она што го режирал всушност е самокритика на себе, пријателите и останатите.

„Специфично е многу, бидејќи користиме само три сонети тое е единствениот говор кој се разбира што зборуваат актерите на сцена, во меѓувреме измисливме наш сопствен јазик во театарската сцена „џибриш јазик“ тој јазик не постои туку сами го креираме. Гледачите преку самата игра које е театарска експресија преку нивната игра ќе може публиката да прати што се случува“ – изјави Ристовски.

На Ангелчо Илиевски, младиот македонски режисер на „Сонетите“ на Шекспир, ова му е прво режисерско остварување во Македонија. За својот дел од театарската претстава рече дека посебно му е задоволство што работи со тимот на Битолскиот народен театар. Илиевски посебно се истакнува со неговата способност поезијата на големиот Шекспир да ја претвори во драма.

„Прво кога се договоривме дека ќе ги работиме „Сонетите“ на Шекспир, кога ги знаеме претставите на Боб Вилсон, што тој работи од сонетите, сега, што после таа генијалност…. но јас мислам дека секој може да најде свој личен крик и да го даде во претставата што ја работи, така да ние заедно прво успеавме да раскажеме една приказна, да исткаеме едно милје со различни состојби копнежи и. т. н. Мислам дека успеавме во тоа“ – рече Илиевски

Актерската екипа што ги игра „Сонетите“ се актери од помладата генерација глумци на Народниот театар од Битола. Една од ролјите ја изведува Викторија Степанова Јанкуловска, која смета дека процесот на поставување на самата театарска претстава, е одличен.

„Она што воодушевува кај Шекспир е повеќе слојноста, неговата големина е во тоа што дури и по 50 одиграни претстави, откриваш нови работи кои те фасцинираат и секогаш е како нешто ново, вистинско уживање е да се работи и затоа е толку голем“.

Дел од екипата на битолскиот театар е доајенот Петар Мирчевски, човекот кој зад себе има многу улоги во дела на Шекспир, во над 150 одиграни претстави.

„Не ласкам, туку навистина ми беше драго што работам со една млада екипа по се изгледа дека со тоа се подмладив, на почетокот бев скептик дека Сонетите не се драмска структура и мислев дека ќе ни оди потешко но се снајдовме со сето тоа и направивме интересен театарски производ и публиката ќе ужива“.

Претставата „Сонети“ ќе се игра на сцената во предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот.„“

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top