Се прават сондажите од новогодишните празници

Хотелиерите и сопствениците на рестораните повеќе од задоволни како тие поминаа.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Ohrid
Охрид

Хотелиерите задоволни како изминаа новогодишните празници. Тие велат дека капацитетите биле исполнети 100 %. Во градов имаше околу 20 000 гости и тоа претежно од Бугарија, Србија Албанија, а за католички Божик Охрид го посетија и грци. Цените само за дочекот на Новата година во зависност од категоријата на хотелот и  музичката програмата се движеа од 30 до 80 евра. Пансионите и полу пансионите чинеа од 120 до 180 евра. Хотелиерите велат дека заработувачката од празниците е повеќе од солидна. Во туристичкиот промет во градов влегоа над половина милион евра.

OhridИ сопствениците на рестораните и кафулињата се задоволни од ќарот за новогодишните празници.

Туристичките работници очекуваат продолжување на зимската сезона со претстојниоте празници Василица и Водици. Во хотел Метропол за Водици нудат и посебни аранжмани  и тоа два полупансиони по 59 евра во траење од два дена. Хотелиерите сметаат дека сезоната ќе се продолжи и со претстојниот саем за туризам кој ќе се одржи кон крајот на месецов.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top