Новата театарска сезона место како што беше најавено, со Сонот на летната ноќ од Шекспир ќе започне со друга претстава. Причина за тоа е што техничките соработници од странство не можат да дојдат поради други обврски со кои се зафатени.
Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава.
Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан Стојановски решивме театарската сезона да ја започнеме со некоја друга престава од драмскиот репертоар, вели директорката на Центарот за култура, Григор Прличев, Драгана Боцевска. Четири престави како што се Малограѓанска свадба, Емигранти, Итар пејо и Ајде да си речиме уште една во секој момент се подготвени, додава таа.
Новото театарско дружење со охридската публика ќе започне на 22 ноември. Најавени се гостувања од театарот во Битола, а и од вевчанскиот театар. Боцевска вели дека охридскиот театар функционира беспрекорно, а шпекулациите дека причина за одлагањето на почетокот на театарската сезона се финансиите, се неосновани.
Десет глумци се на платен список и редовно земаат плата. Нема никаков проблем околу тоа или некакво незадоволство, изјави Боцеска.
Боцевска кажува дека создадени се солидни услови за функционирање на охридскиот театар. Направени се гримиорните, а зад малата сцена направени се соблекувални за глумците, кабините, а реновирани се и санитарните јазли. Планирано е и за наредната година од Министерството за култура да се побараат средства за оваа намена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град