„Солено“ јагнешкото ама и зеленчукот

Јагнешкото месо кое традиционално го има на трпезите за Велигденските празници достигна фантастични 420 денари за килограм.

 |  Валентина Нелоска  | 
jagneshko
јагнешко

jagneЈагнешкото месо кое традиционално го има на трпезите за Велигденските празници достигна фантастични 420 денари за килограм. Неговата малопродажна цена од ден на ден се зголемува, а само пред една недела можеше да се набави по цена од  360 до 380 денари. На пазарот покрај јагнешкото месо се продаваат бели и црни дробчиња по цена од 170 денари, јагнешки глави за 60 денари, а шкембето се продава по 120 денри. На пазарот се чувствува  недостиг од јагнешко, а побарувачката од страна на граѓаните расне,  нагласуваат трговците.

Високата цена на јагнешкото месо  трговците ја правдаат со извозот на македонското јагне на италијанскиот, хрватскиот и грчкиот пазар.

pazarГраѓаните пак, револтирани од високите цени не сакаат јавно да коментираат пред камера за изгор цените. Зад фото објективот на камерата велат срамно е што трговците сакаат да заработат  на сметка на големиот православен празник не само на месот туку и на зеленчукот. Граѓаните сепак се подготвуваат за велигденските празници кој колку може.

Зелениот пазар е добро снабден и може да се купи се. Но, вртоглаво високи цени за просечниот стандард на граѓаните не достигна само месото туку и раноградинарскиот зеленчук. Така килограм брокула се продава по 200 денари, карфилот 150 денари, а младиот компир се нуди од 100 до 120 денари. Морковот достигна цена од 70 денари за килограм. На пазарот ги има и охридските рани јагоди по цена од 200 денари за половина килограм.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top