Шокароски меѓу трпејчени

Изборот на кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, погрешен и според Харалампие Шокароски, пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ. Тој смета дека после се што се случи изминатиов период во Трпејца, мештаните треба да му кажат не, на неговото непринципиелно однесување.

 |  Николоска Биљана  | 
sokaroski
шокароски

Дволичното и коруптивно владеење на СДСМ, најизразено во Трпејца, обвинува пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Харалампие Шокароски. Тој денес повторно меѓу трпејчани. Од таму порача, високиот партиски врв на СДСМ да дојде и да отседне во прекрасната Трпејца, па да им објасни на мештаните за непринцииелното и волунтаристичко однесување на староновиот кандидат за градоначалник Александар Петрески.

sokaroski„Да им објаснат на трпејчани зошто господинот Петрески дволично од една страна издава решенија за рушење на нелегални објкти а од друга страна не сака да ги спроведе што самиот ги донел за отстранување на тие дивоградби. Што само по себе зборува за двојните аршини и лукративноста на владеењето на СДСМ и нивниот градоначалник“, истакна Шокароски.

Ваквото однесување на градоначалникот Петрески оправдано  ги револтира мештаните на Трперјца, категоричен Шокароски. Додаде дека и тие како пратеници не случајно се нафатиле да помогнат во решавање на проблемите околу дивоградбите, со цел да се задоволат барањата на трпејчани. Воедно Шокароски и на инвеститорите им предочи на што треба да внимаваат кога градоначалникот Петрески им ветува.

trpejca„Ги повикувам челниците на СДСМ да им објасната на инвеститорите на дивоизградените објекти, зошто нивниот градоначалник  ги доведувал во заблуда, кога знаел дека  објектите се изградени спротивно на роковите предвидени во законот за легализација на дивоизградени објекти“.

Никако да ги разбереме постапките и однесувањето на градоначалникот Петрески, реагира Ристо Климоски, мештанин на Трпејца. Тој кажа дека во неколку наврати оствариле блиски средби со Петрески и освен лажни ветувања, од него конкретно не добиле ништо што е во интерес на нивните барања.

„Кога појдовме во малата сала седнавме, ги побаравме документите кои ни ги вети, но рече дека несмее да ни ги даде“, рече Климоски.

Климоски смета дека градоначалникот ја губи довербата кај него и неговите блиски. Но, тој упати пофални зборови до  народните избраници Шокароски и Николоски за нивниот ангажман, кои успеале лобирајќии до релевантните државни институции да го решат проблемот со дивоградбата на „Ивире“, а со самото тоа ја вратиле довербата меѓу нив, дека сепак институциите на системот функционираат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top