„Во моментов, измените на Изборниот законик се стопирани, а со нив се предвидуваше зголемување на бројот на партениците од 120 на 133. Од нив 3 пратенички места би биле за преставиците од дијаспората , а 10 за преставниците на помалите етнички заедници“, вели пратеничката од ВМРО ДМНЕ Анита Кипаризовска Крстеска.

Таа потенцира дека во претходниот парламентарен состав имала поднесено предлог Закон за измена на Изборниот Законик во делот на Законот за помалите етнички заедници.
„Тој влезе во процедура, но не се расправаше заради предвремените избори, но се надевам дека ќе биде донесен изборниот законик и ќе им се даде можност на преставниците на помалите етнички заедници да имаат свои пратеници по загарантирана ковота во Републичкиот парламент “ потенцира пратеничката.
Од Партијата Сојуз на египѓани, бараат измените на изборниот законик да продолжат и упорно ги повикуваат охридските парламентарци да ги подржат во нивното барање. Петрит Хусеин, претседател на Партијата сојуз на египѓани повикува во името на демократијата да им се обезбеди загарантирано, едно пратеничко место во парламентарниот дом.
Во Изборниот законик трите места, кои се предвидуваат да бидат наменети за преставниците од дијаспората, се од голема важност затоа што на тој начин тие ќе ја продолжат врската со својата матична земја напоменува пратеничката Кипаризовска Крстеска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град