Социјални станови нема ни за лек, но има комерцијални со намалена цена

Побарувањата на охриѓани за добивање социјален стан се реални, но условите за добивање тешки, информираат од регионалната подружница на Агенцијата за станбен и деловен простор од Охрид. Раководителот Гоце Георгиески обелоденува дека во Охрид нема ниту еден  слободен стан од категоријата на социјалните станови, додека пак комерцијални станови има и тоа на добра локација и по поволни цени и услови за отплата.

 |  Николоска Биљана  | 
socijalna
социјална

socijalnaВо Охрид нема ниту еден празен стан од категоријата на социјални станови, обелоденува раководителот на регионалната подружница на Агенцијата за станбен и деловен простор од Охрид, Гоце Георгиески. Тој додава дека реална и огромна е побарувачката на граѓаните за социјални станови, но условите за добивање се тешки. Во моментов во општинава има еден таков станбен комплекс кој има 70 станови и е максимално исполнет, и  кога би се изградиле уште 4 такви станбени единици нема да ги задоволат потребите на охриѓани за да го решат станбеното прашање, појаснува првиот човек на подружницата Георгиески.

„Меѓутоа има категорија на луѓе кои што бараат а не ги исполнуваат условите. Ние како регионана подружница ги упатуваме сите заинтересирани кои ќе дојдат кај нас во дирекцијата му даваме насока кои услови треба да ги исполни граѓанинот и истите документи треба да се испратат до Министерството за транспорт и врски. Согласно доколку има слободни станови ресорното министерство ги распределува по електронски пат, значи доволно е ние што ги насочуваме и упатуваме“.

Но оние кои имале среќа и веќе користат социјален стан, треба да се придржуваат кон договорот кој го потпишале со Агенцијата и да се однесуваат одговорно. Не ретко во јавноста се коментира дека социјалната зграда во Охрид е расадник на проблеми. Георгиески смета дека состојбата во многу е подобрена откако тој е на раководната функција,

socijalna„Не е проблемот дека таму секојдневни се проблемите, грев е секој граѓанин да го обвиниш, има таму луѓе кои си го добиле станот и многу се корекни спрема сите станари. Самиот поим социјална зграда некои луѓе погрешно го сваќаат и толкуваат. Ние како институција не ги одбегнуваме проблемите, факт е дека има проблеми кои ги ствараат самите граѓани. На тоа интервенира полицијата и ние добиваме информација, преземаме секакви мерки да ги санкционираме тие што го нарушуваат редот. Секој станар си има потпишано договор и треба да се придржува кон него, доколку не се придржува автоматски ние можеме да преземеме мерки кои што ќе бидат санкција, во најлош случај иселување од станот“.  

Сосема поинаква е сликата со комерцијалните станови. Според  Георгиески тука речиси и да не постои некој посериозен проблем, бидејќи има најквалитетна градба на тие станбени комплекси и намалување на цената на истите.
Во комерцијалната станбена единица има 40 слободни станови за кои постои интерес кај купците, нагласува Георгиески. Исто така регионалната подружница во сите три града Охрид, Струга и Дебар има закупено локации за изградба на станови, но во овој момент извесна е само изградбата на социјална единица во Струга, во месноста Плитиште на патот спрема Ќафасан.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top