По случајот со самохраната мајка во Охрид, градоначалникот Петрески ги бара владините ингеренции за да може да им помага на ваквите случаи.
По случајот со самохраната мајка во Охрид, градоначалникот Петрески ги бара владините ингеренции за да може да им помага на ваквите случаи.
Наместо владата да прави колиби од праисторијата, треба сериозно да размислува да им помага на ваквите семејства, истакна тој.
Локалната самоуправа од Охрид сериозно почна да размислува за добивање на ингеренции преку кои би се решиле проблемите од социјален карактер. Ова прашање стана поактуелно откако ТВм ја објави сторијата за самохраната мајка Атеме и нејзините три деца кои останаа на улица. Градоначалникот Петрески е убеден дека ова не е прв ваков случај во градот. Бројот на самохрани родители кои немаат од никаде егзистенција е голем но ретко кој од нив има храброст јавно да проговори за истиот. Ингеренциите за решавање на стамбените прашања се во рацете на владата, а факт е дека општините имаат реална и неопходна потреба од нив, вели градоначалникот. Апелира до владата сериозно да размисли за помагање на ваквите семејства.
Тој упати апел владата прво да овозможи нормални услови за живот на сите граѓани, а потоа да ги промовира нивнитедостигнувања. Петрески вели, бројот на невработени луѓе се повеќе се зголемува, а тука пред се на удар се самохраните родители.
Иако градоначалникот вети оти ќе му помогне на семејството Арслан, сепак тие веќе 6-ти ден спијат под отворено небо. Мајката Атеме вели во понеделник уште еднаш ќе се состане со градоначалникот со цел да се информира на кој начин ќе може да ги обезбеди ветените финансиски средства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град