Од буџетот на општината издвоени само 200 000 денари за програмите од социјалната заштита. Советничката од НСДП, Верица Хајба смета дека во денешно време е срамно да се предвидат толку малку средства за оваа намена. Од локалната пак со став дека има и други начини да се подобри социјалната заштита во градов, а не само со средства од буџетот на општината.
Социјалната заштита во градов ставена на маргините. Средствата кои општинава ги издвои за оваа намена со буџетот за 2015та се премалку за да се задоволат потребите на оваа ранлива категорија на граѓани, вели советничката од НСДП, Верица Хајба.
Срамно е во денешно време Локалната самоуправа да предвиди буџет од 200 000 ден. за оваа намена. Поднесов амандман за да се изврши корекција и да се направи трансфер од буџетот наменет за програмата за трансфери на спортските клубови каде е предвиден буџет од 4милиони денари и да се издвојат еден милион денари кои би отишле во програмата во социјалната заштита, вели советничката Хајба.
Согласно нејзиниот амандман, дел од тие средства и тоа во висина од 400 000 ден би отишле за поддршка на дневните центри на лицата со интелектуална попреченост, 300 000ден. би се пренамениле за поддршка на организирање културно-спортски манифестации на лица со интелектуална попреченост, а со 300 000 ден би се поддржале дневните центри за стари лица. Хајба потенцира дека и овие средства се малку за да им се помогне на овие категории на граѓани, но додаде дека од некаде треба да се почне.
Но, овој амандман не беше прифатен од советниците на градскиот совет. Образложението кое го даде секретарот на општината беше дека Локалната оваа категорија на граѓани ја помага на поинаков начин. Тука како пример го спомна и доделувањето по 5000 ден на секое новороденче во општината.
Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во социјалната сфера во градов во годината што е пред нас. Само да потсетиме дека двете здруженија кои егзистираат во градов „Добротољубие“ и „Зраци“, а во кои се згрижени деца со посебни потреби едвај врзуваат крај со крај и дека и тоа како им е потребна финансиска поддршка од општината. Овие деца заслужуват да имаат свое катче каде ќе бидат соодветно згрижени и третирани. Не смееме да замижуваме пред фактот дека постојат и дека неопходна им е помош и поддршка од сите нас.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град