Социјалната нееднаквост и неправда владее не само во Охрид туку и во другите градови во земјава. Вакво е мнението на организаторот на карванот „Социјална правда сега“, редакцијата Цивил медија, кои синоќа на плоштадот кај чинарот има средба со охриѓани. Тие продуцираа видео прилози, со кои ја информираа јавноста за кршењето на човековите и работничките права. Охриѓани расположени да разговараат за нивните лични судбини.
„Социјална правда сега! во Охрид. Тое е карван кој минува во 9 градови на земјава и ја следи социјалната состојба на осетливата група граѓани, нивните права, како и прашањата на невработеноста, на корисниците на социјална помош, туристичката сезона и сезонските работници. На плоштадот Крушевска Република кај чинарот, охриѓани имаа можност да погледнат шест сведоштва на нивните сограѓани од ранливата категорија, преку продуцирани снимки кои редакцијата Цивил Медиа ги сними минатата недела.
„Луѓе кои биле жртви на мобинг на работа луѓе кои се синдикалци, социјалци, имаме и убави…за жал имаме и многу лоши и тажни приказни, но охриѓани за разлика од некои други градови во Македонија беа расположени да разговараат многу повеќе. Дел од нив, нормално, побараа да им се заштити идентитетот да одат со модулирани гласови и задскриени ликови но добар дел од анкетираните говореа во свео име“ – вели Синиша Станковиќ, уредник на Цивил Медиа.
Станковиќ вели дека генерално нивната цел е да се покренат одговорните во Охрид и цела Македонија повеќе да се позанимаваат со големиот проблем на социјалната нееднаквост и неправда која за жал владее насекаде во Македонија.
„Ние сме НВО, помошта која им ја нудиме на нашите соговорницте е што се обидуваме преку нашите вести во живо на централните градски плоштади…нешто како есенцијална демократија да им ја доближиме нивната приказна и нивните маки и проблеми прво до локлните потоа до централните власти и до нивните сограѓани и сонародници низ цела Македонија. Со тоа толку може една НВО да помогне можеби и да поттикне некого да им помогне во решавање пред се на социјалните проблеми“- нагласи Станковиќ.
Граѓаните во Македонија се очајно слабо запознаени со сопствените права, што пак се користи за манипулација, односно изигрување со нивните права и она што им следува со законот, нагласува Станковиќ. Смета дека точно со вестите во живо граѓаните од ранливите категории ќе осознаат што можат да направат за подобро да живеат и погласно да ги побараат своите права таму каде што треба, во институциите на системот. Инаку, организаторот „Цивил-центар за слобода“,со поддршка на германската фондација Фридрих Eберт, заедно со Македонската платформа против сиромаштијата ја поведоа иницијативата со цел, како што велат, да се разоткрие тешката социјална положба во Македонија, посебно на локално ниво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град