Социјалдемократите ја презентираа програмата – Решенија за Македонија

Лидерот на македонските социјалдемократи, Бранко Црвенкоски синоќа одржа јавна трибина каде што се осврна на ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Косово и на Извештајот на ЕК за Р. Македонија.

 |  Валентина Нелоска  | 
Branko Crvenkovski
Бранко Црвенковски

Лидерот на македонските социјалдемократи, Бранко Црвенкоски синоќа одржа јавна трибина каде што се осврна на ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Косово и на Извештајот на ЕК за Р. Македонија.

tribinaЦрвенкоски го повтори веќе изнесениот став на партијата, а даде осврт и на економската ситуација во земјава, со акцент на Извештајот од Државниот завод за ревизија.

Лидерот на СДСМ, Црвенкоски ја престави и програмата на социјалдемократите за излез од тешката економска ситуација, насловена како Решенија за Македонија. На изработка на решенијата работеле 120 експерти, членови на СДСМ, но и партиски неопределени луѓе. Програмата ја пишувавме за Вас, за граѓаните на РМакедонија, и најважно е таа да биде вашата опција, рече претседателот на СДСМ. „Тој се наврати и на поуките кој СДСМ ги извлекол во текот на изминативе години.
Решивме оваа партија да се врати меѓу народот, губевме кога се отуѓивме од народот, но извлековме поука и грешката нема да ја повториме. Сфативме дека СДСМ е силна и партија со душа, само кога е меѓу, со и само за народот “ истакна Црвенкоски.

Зоран Јованоски, потпретседателот на СДСМ подетално се осврна за економскиот дел на програмата. Јованоски ги изнесе решенијата кои ги нуди СДСМ во облик на повеќе можности во многу области од економијата, меѓу кои и во туризмот како најважна гранка  за  охридскиот регион. Тој меѓу останатите солуции ги спомна намалувањето на ДДВ во туризмот и  намалување на туристичката такса. Нагласи дека во последните 11 години,  7 години на власт е Вмро Дпмне, а 4 СДСМ. Тоа значи дека ако СДСМ имал 1 година да ги реши економските проблеми на граѓаните, тогаш ВМРО ДПМНЕ имал 2 години, што значи двојно повеќе време, а проблемите не се решени, затоа е и стравот кај Вмро Дпмне рече Јованоски.„Нудиме многу решенија во Програмата, а ако се избере една реченица како да се опише, таа е остварлива затоа што нема експерименти  и го зедовме она што функционира кај  другите земји “ кажа пред присутните потпретседателот на партијата.
Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенкоски на трибината одговори  и на повќе прашања поставени од симпатизерите на СДСМ. Едно од прашањата се однесуваше и на градоначалникот Александар Петрески, дали е член на СДСМ. Истото прашање лидерот Црвенкоски  го преупати до Петрески, по што градоначалникот само потврдно климна со главата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top