Со традиционален марш одбележан Светскиот ден на мирот

По повод 21 Септември меѓународниот ден на мирот се одржа традиционалниот марш на мирот во организација на Сојузот на борци и поддржувачи од Охрид и Дебрца и Општина Охрид. Годинешното мото под кое се одбележува Светскиот ден на мирот е  „Глобалната климатска опасност е закана за безбедноста и стабилноста“.

 |   | 

„Глобалната климатска опасност е закана за безбедноста и стабилноста“ е мотото под кое денес се одржа традиционалниот Марш на мирот, а по повод 21 Септември меѓународниот дена на мирот. На плоштадот Св. Климент Охридски се одржа свеченост која започна со читање на пораката за мир од Секретарот на ООН Антонио Гутереш која ја пренесе актерот од Охридскиот народен театар Павел Маслов.


„Ова е битка за нашите животи и трка против времето. Можеме и мораме да победиме. Решенијата се во наши раце. Даноци за загадување а не луѓе, прекин на субвенции за фосилните горива, прекин на градење рудници за јаглен до 2020год,  фокус на зелена економија а не на сива економија. Јас сметам на вашата поддршка додека се стремиме да го градиме светот каде што можеме да живееме секој ден во склад со околината, едни со други.“ – Антонио Гутереш

Славејќи ја вредноста на мирот никогаш не смееме да го заборавиме минатото, но мора да ветиме дека нема да дозволиме нашата невина младина да ги преживее истите работи кои други морале да ги преживеат, кажа во своето обраќање пред присутните претседателката на грдаскиот совет  Живка Ангелоска.

„ Климатските промени претставуваат опасност за сите нас но и предупредување дека политиките на поделби мора да завршат, човештвото се наоѓа пред сериозен предизвик. Тогаш кога ќе ги надминеме идеите за доминација на една држава над друга и кога градењето безбедност на една држава на сметка на друга ќе останат во минатото , ќе успееме да создадеме подобра и посигурна иднина за сите нас.“ – Живка Ангелоска.

Пред присутните  говор одржа и потпретседателот на Сојузот на борци и поддржувачи од Охрид и Дебрца, Љубиша Машановиќ.

„Од Охрид испраќаме желби секој ден да биде Ден на мирот. Мир како реалност која плови по оваа езерска шир.  Ние членовите на Сојузот на борци на Македонија сме убедени дека како народ можеме да се развиваме и опстанеме само во мир. Затоа за мирот треба да се бориме макар и со вакви скромни свечености како што е нашиов собир.“ – Љубиша Машановиќ.

Во рамки на свеченоста се одржа и пригодна културно уметничка програма во која зедоа учество најмладите од градинката  „Јасна Ристеска“, ученици од ОУ„Братство Единство“. Пред спомен обележјата на паднатите борци и илинденци во градскиот парк беа положени букети свежо цвеќе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top