Средното стручно училиште Св Кирил и Методиј го одбележа својот патронат.
Работиме напорно во скромни услови а бројот на ученици се зголемува, посебно откако ова средно училиште функционира како посебна установа, истакна директорката Славица Костоска, на синоќешната свечена академија.
Средното стручно Училиште „Св Кирил и Методиј “, Охрид го одбележа својот патрон. Директорката Славица Костоска, синоќа во ЦК „Григор Прличев“ на свечената академија истакна дека во изминатото четири годишно напорно работење во скромни услови, со ограничени средства, успеале да навлезат во најновите методи на воспитно образовниот процес, вклучувајќи ги тука и учениците, со цел да создадат квалитетни личности кои ќе бидат подготвени да чекорат низ животот.
„За првпат оваа година имавме повеќе запишани ученици од оние што завршиле . Инаку од нашето основање секогаш имаше голема разлика меѓу бројката на завршените и запишаните ученици. Во оваа учебна година во прва година се запишаа 149 ученици, што мислиме дека ќе биде тренд и за следнава година. Сепак проектите кои ги остваруваме се атрактивни но и една паралелка во годината во здравствената струка секако е атрактивна и тука имаме максимално пополнување од 34 ученици“.
Костоска истакна дека ги очекуваат промените кои се најавени од Министерството за образование, со кои би се подобрил квалитетот на образовниот процес. Во таа насока спомна дека во моментов тренд е дуалното образование, односно учење преку работа. Она што Костоска го предочи како сериозен проблем, е немањето доволно простор за изведување на наставата, како и тоа дека училиштето функционирало без педагошко, психолошка служба.
„Дефинитивно просторот не ги задоволува потребите ни требаат уште простории, современи кабинети по природни науки за здравствената струка и по економските предмети. Екипираноста на наставничкиот кадар е доволна со соодветните компетенции и способности за остварување на воспитно образовиот процес. Административните служби ги немаме, училиштето има само дирекотр и еден секретар и еден хаусмајстор и за дење и за ноќе, за жал. Очекуваме веќе четири години одобрување на педагошко, психолошка служба“
На академијата со свој настап се претстави училишниот хор. Исто така учениците имаа подготвено музичко поетски точки и рецитал, а настапи и КУД „Отекс“, со дел од своите членови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град