До 30ти јуни ќе се запишуваат околу 600 ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година, според реонската припадност. Според протоколот, уписите се спроведуваат во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето.
До 30ти јуни ќе се запишуваат околу 600 ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година, според реонската припадност. Според протоколот, уписите се спроведуваат во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето.
Поголемите основни училишта во текот на овој месец ќе бидат зафатени со уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година, според реонската припадност. Овој месец во едно од најголемите училишта во нашиов град ОУ „Григор Прличев“ треба да се запишат 157 ученици. Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се спроведуваат во јуни и родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат децата во основните училишта, а училиштата до 15-ти јули треба да ги објават резултатите.
„Како потребни документи за упис се извод од матична книга на родени на ученикот, потврди од извршен стоматолошки преглед и вакцинации, пријавата којашто ја пополнуваат во самото училиште и пожелно е родителот да носи копија од лична карта со себе. Потоа комисијата за упис на првачиња ги прегледува документите и доколку се во ред им закажува термин за набљудување на родителот и на првачето“ објаснува Ивана Маховска Шикалеска – директор ОУ „Григор Прличев“.
Според протоколот, наложен од Владата, покрај тоа што уписот се спроведува аво точно утврден термин од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето се запазуваат и сите други мерки за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на коронавирусот. Треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете. Во паузите се забранува групирање на присутните во училиштето, а личната заштита е задолжителна.
„За жал морам да кажам дека овој пат поради пандемијата од Ковид-19 протоколот е многу дециден. За опсервација на првачињата ги презедовме сите мерки, според протоколот и за здравствстена заштита“ вели Ивана Маховска Шикалеска – директор ОУ „Григор Прличев“
Маховска Шикалеска потенцира дека во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели.Најмалку два метра оддалеченост треба да има меѓу присутните, возрасните лица да носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата треба да се дезинфицира. На влезот од училиштата задолжително треба да има средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки. Ианаку запишувањето на првачињата се одвива согласно одлуката за утврдување на реоните од кои се запишуваат учениците во основните училишта во општина Охрид, усвоена на последната седница на советот на Општина Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град