Со средства на УСАИД во вредност од 1.200 000 денари и 25 % учество од Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец.

Ова беше заклучено на работниот состанок на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со претставниците на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски , Лири Старова, Бојан Динески и директорката на ОУ „Ванчо Николески“, Елена Ел Нади.
На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид, основното училиште „Ванчо Николески“ и УСАИД.
Проектот од страна на УСАИД беше одобрен во месец април годинава. Градежните зафати планирано е да се реализираат во месец август и да се завршат пред почетокот на новата учебна година.
По одобрувањето на проектот на 24-ти април беше одржана „Работилница за споделување на процедури и критериуми за одредување на потреби и приоритети за реновирање на училиштата“ по што следеше и увид во училиштето од страна на тимот на УСАИД.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град