Со пластични капаци против крадците

Наголемо исчезнуваат капаците од градските канделабри.

 |  Крсте Голабовски  | 
otvorena kandelabra
отворена канделабра

Прво на мета на вандалите и крадците беа светилките од улиците кои се на периферијата. Така речиси сите канделабри на улицата „Марко Цепенков“, останаа со изложена внатрешност и сега се потенцијална опасност за минувачите.

Од одделението за комунален развој и сообраќај при општината, велат дека имаат намера, металните капаци на канделабрите да ги заменат со пластични, бидејќи се сомневаат дека истите се крадат и се препорадаваат како старо железо.

Не се поштедени ни светилките на популарната пешачка патека која води до хотелот „Инекс“.
Од Локалната информираат дека станува збор за проблем против кој се борат веќе подолго време. Службите за комунален развој речиси на секои десет дена ги поправаат канделабрите кои се оштетени, но безуспешно.  Сашо Велјаноски од Одделението за комунален развој и сообраќај, вели дека додека тие санираат и затворат некои од канделабрите, веќе наредниот ден нови капаци исчезнуваат.

Надлежните од ова одделение, велат дека не станува збор за изолиран вандалски чин. Се сомневаат дека оштетувањата се дело на организирана група крадци, кои потоа украдените метални делови ги препродаваат. Се претпоставува дека крадците сега оперираат во централното градско јадро. Од комунален развој апелираат  дека  со отстранување на капаците на канделабрите, може да дојде до несакани последици но и човечки жртви, бидејќи истите, постојано се под висок напон. Останува да видиме дали новите пластични капаци ќе го направат своето и ќе ги одвратат криминалците.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top