Основците од „Григор Прличев“ достојно го одбележаа својот патрон

„Да се носи името на најголемиот охридски поет е товар, но товар кој низ постојаниот стремеж кон подобрување лесно го носиме“- рече директорката на основното училиште „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска.

 |  Мишел Наумоски  | 
patronat Grigor Prlicev
патронат Григор Прличев

Со песни, игри, прекрасна ликовна изложба, литературни творби и драмски изведби, учениците на ОУ „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон, најголемиот охридски поет, Григор Прличев. Полната сала во Центарот за култура беше претесна за да ги собере родителите и роднините на младите ученици кои со своето залагање достојно го износија името на својот патрон. Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска вели дека иако е товар да се носи името на најголемиот охридски поет, залагањето на учениците, професорите заедно со родителите, прават тој товар да е полесен.

orkestar patronat„Годината помина, ние сме задоволни во врска со успехот и со учењето, со добивање на наградите, тоа е во континуитет во нашето училиште. Следнава односно оваа 2015та година планираме малку да вложиме во развивање на креативноста на учениците бидејќи сметаме дека таа креативност е иднината на овие деца и дека ќе мора да се пронаоѓа секој во сфера, област која мислат дека им одговара, ако имаат талент, да се развива талентот.“-рече директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска.

Со честитики за патрониот празник и желби за долго и успешно творење, се обрати и заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. Според него, сите основни и средни училишта од градов посветено работат на подобрување на условите во кои учениците живеат и творат, но и подобрување на образовниот процес.

Grigor Prlicev patronat„Има многу работи да се работат, но има многу луѓе, професори, и повозрасни и помлади кои и тоа како се обидуваат со помош на директорите и родителите, со помош на Бирото за развој на образованието, локалната самоуправа да го подобрат образовниот процес и се разбира дека успеваат во тоа. Сепак ќе кажам дека секогаш имаме простори и време за еден чекор повеќе и тој чекор го правиме и мора да го правиме повторно во интерес на сите нас.“-вели заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

Инаку ученици од сите возрасти го дадоа својот придонес во одбележувањето на патрониот празник, па за секој во публиката имаше по нешто. Дали тоа беа прекрасните изведби на хорот и неодминливата 1762 лето, или модерните изведби на новоформираниот училишен бенд од основното училиште кој е хит помеѓу учениците. Имаше и драмски изведби, брејкденс, а се читаа и литературни творби.

За љубителите на сликарството, беше отворена и изложба со сите ликовни творби од ученици од сите одделенија кои учествуваа во училишниот конкурс. На најуспешните ученици на конкурсот за литературни и ликовни творби им беа доделени пригодни награди и признанија како поттик за понатамошно творење. Во одбележувањето на патронот, при централната манифестација се приклучија и ученици од подрачното училиште „Григор Прличев“ од населбата Рача кои ден претходно му оддадоа почит на својот патрон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top