СО МЕХАНИЗАЦИЈА СЕ ЧИСТАТ КРАЈБРЕЖЈЕТО И ГРАДСКИОТ КЕЈ

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни активности за расчистување на отпадот кој езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и градскиот кеј.

 |   | 

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни активности за расчистување на отпадот кој езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и градскиот кеј.

Поради временските неприлики и силниот јужен ветер, секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад, како и наноси од трска, реси и муљ.

Со цел да се одржи јавната чистота во градот на највисоко ниво, ваквите активности за чистење ќе продолжат и во текот на наредните денови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top