Со книга на плажа

Градската библиотека , често посетувано место ова лето. Бројот на читатели е значително зголемен, а најчесто се бараат хит насловите за оваа сезона. Се поголем е бројот и на младите кои својата омилена книга ја носат и на плажа.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Молитва за прошка од Јелена Бачиќ Алимпиќ најбарана книга во градската библиотека Григор Прличев. Читателите чекаат ред за да го позајмат и прочитаат овој роман. Го бараат охриѓани, но и гостите кои доаѓаат на подолг период во градов пред се тоа се туристи од Скопје кои остануваат и по неколку месеци во Охрид и кои секоја година се зачленуваат во библиотеката како би можеле и за време на својот одмор да читаат. Покрај овој роман многу барани се и останатите дела на авторката Бачиќ Алимпиќ, а голем интертес има и за хит насловот Девојката врана од Ерик Аксал Сунд, Вистината за Питија од истиот автор , Сестрата на Зигмунд Фројд од Гоце Смилевски, Гол човек, Облечен човек и Умрен човек од Игор Џамбазов и 11минути од Пауло Коељо. Во библиотеката бројот на читатели во летниот период значително расте. Моментално има 3 400 активни читатели од кои 850 се во одделот за деца, а 2 580 во оделот за возрасни. Голем дел од нив својата омилена книга ја носат со себе и на плажа.

Ние вообичаено секое лчето пред почетокот на туристичката сезона се приклучуваме кона акцијата Со книга на плажа што ја спроведува Матица македонска и набавуваме летни хитови по поволна цена кои ги нуди Матица, а ние им ги нудиме на наѓите читатели. Идејата е што повеќе да се чита и секој слободен момент да се користи за да се пррочита некое убаво издание, вели Александра Белевска- директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“.

Читателите за сите новини во библиотеката и за новите наслови кои пристигнале можат да се информираат  и преку веб страната на оваа национална установа, а можат да ја користат и читалната со која располага библиотеката па тука да прочитаат или да разгледаат некоја нова книга. Директорката е задоволна што бројот на читатели расте, но посебно ја радува фактот што помладите читатели се се поприсутни во библиотеката. Тие читаат слободна но и задолжителна литература.

Токму во овој период библиотеката секоја година го обновува книжниот фонд на лектирни изданија бидејќи од септември започнува школската година па учениците треба да имаат време да прочитаат по некоја лектира. Иако овие изданија ги има и во школските библиотеки ние како градска библиотеки сме обврзани да имаме и лектирни изданија и да им излеземе во пресрет на учениците кои не успеале да се снабдат со книги во школската библиотека, објаснува Белевска.

Библиотеката и во летниов период редовно организира разни промоции на нови изданија на книги како уште повеќе би ги стимулирала читателите  да читаат, но и писателите да пишуваат. Утре има промоција на книгата За добрите дечиња триологија со смеологија од писателката Елена Карамешиноска Николоска која добро им е позната на охридските читатели.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top