Со или без ЛУП….

Откако Уставниот суд го укина паралелното урбанистичко планирање, Општините останаа без правото на мали детални урбанистички планови.

 |  Татјана Маленкова  | 
zgradi
згради

ОhridНиеден инвеститор повеќе нема да може да гради врз основа на локална урбанистичка планска документација. Вака неодамна пресече уставниот суд, по што укина 4 члена од Законот за просторно и урбанистичко уредување, кој се однесуваа на уредување на просторот. Причина за ваквата одлука беше оценката на Уставниот суд дека постои паралелен систем на урбанистичко планирање или два различни системи на планирање. Притоа, со овие државни и локални урбанистички и плански документи се излегува во пресрет на едни граѓани без да се информираат и вклучат и други граѓани што е предвидено при носењето на деталните урбанистички планови. Во таквата состојба не се овозможува хуманизам при уредување на просторот како темелна вредност на уставниот поредок и се создава правна несигурност со што се доведува во прашање темелната вредност на владеење на правото, истакнуваат од уставниот суд.

Градоначалникот на општина Карпош, ја пордржува одлуката на уставниот суд и смета дека со локалната планска документација се вршеше упад на урбанистичкото планирање во една општина.

„Посебно ми е драго што уставниот суд ја укина локланата планска докумнтација која беше упад во урбанистичкото планирање и со која се правеа огромни злоупотреби“, истакна градоначалник општина Карпош Стевче Јакимовски.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски несака да ја коментира одлуката на уставниот суд, но затоа пак  открива дека со новиот закон за урбанистичко планирање деталните планови ќе се носат по скратени постапки.

„Основата за докумнтацијата не беше укината од министртвото за транспорт и врски туку од уставниот суд. Со новиот закон за просторно планирање има новини како побрзо да се носат детални урбанистички планови“, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Раководителот на  секторот за урбанизам Бранко Арнаудов во телефонскиот разговор ни потврди дека со ЛПД се скратуваше постапката, но истата имаше и пропусти. Тој додава дека со новиот закон за просторно планирање овој тип на градби документацијата ќе ја добиваат врз основа на вметната измена на урбанистичкиот план за една парцела. Од сега сите кои сакаат да прошируваат и доградуваат, документацијата ќе можат да ја добијат по пат на редовна постапка, поточно за секоја измена на планот најпрво ќе треба да се направи јавна презентација за измените на која ќе присуствуваат соседите на објектот за кој ќе се обезбедува документацијата. Постапката на совет ќе треба да помине два пати. Најпрво советниците ќе треба да дадат зелено светло за нацт планот, а потоа истата докуменатција ќе ја разгледаат по втор пат откако истата ќе помине и во министрвото за транспорт и врски.

Инаку за нецела година, во охридскиот градски совет беа изгласани дури 133 локални плански документации. Истите според првиот човек на секторот за урбанизам ќе се реализираат, затоа што уставниот суд ги укина, а не поништи локалните плански документации.

Во иднина останува да видиме дали и колку измените на законот за просторно планирање ќе им бидат од полза на инвеститорите и граѓаните.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top