Со филмот „Ефектот на среќа“ започнува кино репертоарот во Центарот за култура

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид информираше дека го започнува кино репертоарот со проекција на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафироски.

 |   | 

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид информираше дека го започнува кино репертоарот со проекција на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафироски.

“Ефектот на среќа” е урбана драма што ја обработува темата за универзалната потрага по среќата. Улогите ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Анастасовска, Петре Арсовски, Мими Таневска и Јовица Михајловски. Проекции ќе има во среда (03.11.2021), четврток (04.11.2021) и петок (05.11.2021) со почеток во 19 часот.

Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Проекцијата ќе се одвива согласно здравствените протоколи, со ограничен број на публика. Оние кои сакаат да присуствуваат потребно е да приложат сертификат/потврда за извршена имунизација со две дози на вакцина против КОВИД-19, сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст – велат од Центарот за култура.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top