Снегот ги мобилизира одговорните во градов

Охрид третиран од сите страни. Мобилни службите за зимско одржување на патиштата во Охрид.

 |  Биљана Николовска  | 

Има доволно абразивен материјал и механизација за справување со снегот велат одговорните. Ноќните часови напорни за Македонија пат. Утринските пак, ги пробуди комуналците од Охрид.

Снегот кој што од вчера започна да паѓа ги мобилизира одговорните во градов, навремено да делуваат и да се справат со истиот. Улиците се чисти, бидејќи од синоќа во погон ставени се сите расположливи средства за справување со снегот. Механиацијата, абразивните средства и човечкиот фактор напорно работеа вели првиот човек на „Македонија пат“ Лазе Ставрески.
Првиот човек на ЈП Охридски комуналец Сашо Алчев поради снегот го одложи своето патување за Грција. Вели на нозе сум од 4 часот изутрина но конечно се гледа што сработивме, додава тој.
Од „Македонија пат“ апелираат дека патиштата и понатаму ќе се третираат. Предупредуваат  возачите да бидат внимателни, бидејќи на места има непредвидлива голомразицата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top