Августовските сметки за струја, шок за граѓаните

Високите августовски сметки за струја ги шокираа граѓаните. Прашуваат на што се должат високите суми. Од ЕВН објаснуваат дека сметките се паушални и дека наредниот месец ќе има порамнување.

 |  Јаковлева Лионела  | 
евн
evn

Августовските сметки за струја, шок за граѓаните. Многу од нив ги изненади сумата која треба да ја платат за потрошена електрична енергија која е речиси двојно повисока од месеците јуни и јули.

Од ЕВН велат декаatanas kovaceski нема место за загриженост  бидејќи пракса на оваа компанија е неколку пати годишно да доставува паушални сметки. Тоа се прави и во месец август поради годишните одмори кога најголем дел од граѓаните не се во своите домови, па инкасаторите не можат да им ги прочитаат броилата.

-Следниот месец состојбата ќе биде порамнета, а корисникот ако сака и сега може да добие корегирана сметка само треба да поднесе барање до корисничкиот енерго центар во Охрид и evnкорегираната сметка ќе им биде изготвена, вели Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН Македонија.

Од ЕВН велат дека и понатаму праксата за издавање паушални сметки останува. Ковачески објаснува дека според Законот за енергетика и процесот на работа  компанијата има потреба неколку пати годишно да наплати паушално и оценила дека еден од месеците најпогоден за тоа е месец август.

Но, граѓаните не се согласуваат со тоа. Велат дека августовската сметка ја плаќаат во септември, а се знае колку нивниот буџет дополнително е оптоварен овој месец земајќи ги во предвид подготовките кои се прават за престојната зима, а и трошоците за децата кои тргнуваат на училиште. Сугерираат, ЕВН ваквите паушални сметки да ги издава во некој период кој финансиски е помалку оптоварен како што е на пример месец  јуни или јули.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top