Доцнат сметките за наплата на струја во Варош. Мештаните велат дека оваа појава станува хронична и се прашуваат дали на ЕВН Македонија, тоа му оди во прилог поради месечната камата. Од ЕВН пак велат дека ќе ја преиспитаат состојбата.
Доцнат јулските сметки за надомест на електрична енергија, во Варош. Дел од жителите на Охрид од старото градско јадро велат, дека ова не се случува само сега, туку дека овој проблем месеци наназад се провлекува и никако да се надмине. Тие велат дека познат им е и одговорот од страна на ЕВН, дека проблемот потекнува поради доцнење со достава на сметките од страна на „Македонски пошти“. Варошани посочија дека до 15 ти август е законски рок за наплата на сметката за месец јули, која сеуште не ја имаат примено, после што се пресметува затезна камата и сметаат дека точно тоа не случајно се прави од страна на ЕВН. Додаваат дека секој месец се јавуваат во Центарот за односи со корисниците во Охрид, каде добро биле запознати со проблемот.
Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески, вели дека има поединечни поплаки на охриѓани во врска доцнењето на сметките за струја во Корисничко енергетскиот центар, но дека не се работи за масовна поплака. Ковачески нагласи дека сеуште важи нивниот апел, доколку корисниците кои евентуално од било кои причини нема да добијат фактура, да се јават во Центарот за односи со корисниците и да побараат да им биде издадена, бидејќи пак тоа е и законска обрвска на корисникот според Правилникот за Условите за снабдување со електрична енергија. Портпаролот на ЕВН исто така порача корисниците и понатаму да се јавуваат во Центрите, за да се откријат причините за проблемот, како би се корегирале евентуалните недоразбирања. Ковачески во телефонскиот разговор со ТВМ, исто така рече дека поагресивно ќе пристапат во процесот на следење на состојбата посебно во потенцираниот дел на градот од страна на корисниците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град