Соседите на ЕМУЦ Св.Наум Охридски зелениот отпад од градините, го одлагаат во контењерите во училишниот двор.
Училишниот паркинг во ЕМУЦ Св. Наум Охридски несовесни граѓани, инаку соседи на училиштето го користат за депонија. Раководството на училиштето се труди да се справи со проблемот, но очигледно граѓаните се побрзи или пак редовни со одлагањето на зелениот отпад од градините, во туѓ контењер.
„Точно е дека одвреме навреме поготово кога ќе дојди периодот на зимници некои од комшиите си земаат за право, веројатно немаат само свое решение па дел од отпадот, ѓубрето да го депонираат, односно остават кај нас затоа што знаат дека ние ќе реагираме и ќе го крениме, но сликата како слика воопшто не е убава. Се соочваме, но и го решаваме овој проблем“, вели директор на ЕМУЦ Св. Наум Охридски, Бошко Силјаноски.
Контењерите сместени на паркингот во ЕМУЦ Св. Наум Охридски, се празнат редовно, но за кратко време сликата е иста. Директорот на ЈП Охридски комуналец , Сашо Алче кој е на службено патување, во телефонскиот разговор ни рече дека во наколку наврати му сугерирале на директорот да ги преместат контењерите подалеку од оградата, со цел истите да бидат понедостапни за граѓаните.
А од училиштетот пак имаат други планови. Директорот открива дека за скоро ќе се стави крај на овој проблем, затоа што од годинава ЕМУЦ е дел од проектот на ЕКО училишта. Ова значи дека во програма за одржување на училиштето влегува и овој проблем.
„Тука добивката е што учениците ќе бидат вклучени во самото одржување во дотерувањето во поправките и во надгледување на самите оштетуувања, во реагирањето на санкциите од оштетувањето и.т.н. Целта е свеста и совеста да се подигне на повисоко ниво односно учениците сега да научат дека она што е нивно дека е вредно дека е достојно за почит, затоа што тука ќе ги стекнат не само знаењата, работните навики туку и воспитувањето“, вели директорот Силјаноски.
Директорот додава дека во проектот е вклучен техничкиот персонал од училиштето, учениците, има работни групи, а формиран е и еко одбор. Силјаноски открива дека секоја година се избираат приоритети на училиштето, а во нив за годинава влегува уредувањето и одржувањето на дворот, обојувањето и средувањето на внтрешноста на училиштите, ходниците, училниците и замена на светилките од обични со штедливи.
Проектот ќе се реализара со помош на родителите и разни институции преку кои ќе се обезбадат донации.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град