Сменет деканот на ФТОН

Сменет деканот на Факултетот за туризам и угостителство, проф Д-р Софронија Миладиновски.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sofronija Miladinoski
Софронија Миладиноски

FTONТој вели дека смената претставува директен упад на ректоратот во работата на факултетот. На само три месеци пред истекувањето на неговиот мандат како декан на Факултетот за туризам од Охрид, сменет проф. д-р Софронија Миладиновски. На седница на рекоторатот на битолскиот универзитет за В.Д.  декан на Факултетот назначена е проф д-р Јованка Биљаноска. Професорот Миладиновски истакна дека станува збор за упад од страна на ректоратот и дека е изаненаден бидејќи станува збор за упад во институција од високото образование, што според него е навистина реткост. Тој истакна дека;

„Позадината е универзитетска и не треба да се меша власта, бидејќи исклучиво станува збор за односи на релација универзитет-факултет“.

Од ректоратот на универзитетот веднаш, реагираа со соопштение, во кое е наведена причината за разрешувањето на професорот Миладиновски.

Имено „по извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат, а  во согласност со неговите надлежности,  утврдени се одредени незаконотисти во работата на деканот од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Врз основа на Решението од просветниот инспекторат,  Универзитетот  е задолжен да преземе мерки за отстранување на неправилностите. Ректорот проф. д-р Златко Жоглев е одговорен за спроведување на законитоста и постапи според решението на  инспекторатот при Министерството за образование и наука, по што проф. д-р Софронија Миладиноски е суспендиран од вршењето на функцијата декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид“, стои во дел од соопштението од ректоратот на универзитетот Св. Климент Охридски кое стигна до нашата редакција. Професорот Софронија со обвинувања и до заменик министерот за информатичко општество, Мирјана Секуловска. Тој потенцира дека ова не е прв обид за негова смена од функцијата.

Заменик Министерот Секуловска пак, во краток телефонски разговор, изјави дека,

„Фрапирана сум и немам апсолутно никаков коментар на ова обвинување упатено до мене од страна на професорот Миладиновски“.

Разрешениот декан на факултетот кажа дека досега немало ниту една негативна реакција од страна на ректоратот на поднесените извештаи за неговото работење. Тој потенцира дека обемот на работа на оваа високо образовна институција е зголемен за три пати во последните седум години, односно додека тој бил декан на истата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top